АЕК отвори Контакт-центар 190

Bez autora
Sep 22 2011

Агенцијата за електронски комуникации вчера во Битола го промовира новиот Контакт-центар 190 и инспекциска служба, покрај тие во Скопје и во Штип, со чијашто помош ќе се решаваат поплаките и приговорите на граѓаните за само 11 дена, наместо сегашните 53 дена. Станува збор за тројазичен контакт-центар во кој крајниот корисник ќе може да се обрати за повеќе проблеми преку мобилна и од фиксна телефонија, Интернет и телевизија. Во досегашниот период најголем број јавувања се однесуваа на приговори за високи сметки, проблеми при преносот на претплатничкиот, едностраното продолжување на претплатничките договори од страна на операторите, без претходно известување на претплатникот, пречки во квалитетот на сигналот на телевизиските канали, исклучување од мрежата и онеспособување за користење на електронските комуникациски услуги под неразјаснети околности и друго.

АЕК отвори Контакт-центар 190Агенцијата за електронски комуникации вчера во Битола го промовира новиот Контакт-центар 190 и инспекциска служба, покрај тие во Скопје и во Штип, со чијашто помош ќе се решаваат поплаките и приговорите на граѓаните за само 11 дена, наместо сегашните 53 дена.

Како што информираат од АЕК, станува збор за тројазичен контакт-центар во кој крајниот корисник ќе може да се обрати за повеќе проблеми преку мобилна и од фиксна телефонија, Интернет и телевизија. Во досегашниот период најголем број јавувања се однесуваа на приговори за високи сметки, проблеми при преносот на претплатничкиот, едностраното продолжување на претплатничките договори од страна на операторите, без претходно известување на претплатникот, пречки во квалитетот на сигналот на телевизиските канали, исклучување од мрежата и онеспособување за користење на електронските комуникациски услуги под неразјаснети околности и друго.

„Се радувам што конечно крајните корисници ќе имаат ефикасен сервис, Контакт-центар 190 и инспекциска служба и ќе имаат место каде да се пожалат. Доволно е граѓаните да се јават во контакт-центарот и да се информираат за понатамошните чекори, а потоа инспекциските служби ќе дејствуваат. Доколку се констатираат неправилности, ќе преземеме соодветни корективни акции за операторот. АЕК е подготвен да ги решава и најпроблематичните приговори“, изјави Роберт Орданоски, директор на АЕК.

Инаку, АЕК и Регулаторното тело од областа на електронските комуникации на Црна Гора вчера потпишаа „Меморандум за разбирање и за деловно-техничка соработка“. Со тоа се официјализира досегашната соработка којашто во иднина ќе продолжи во повеќе домени.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik